Ти треба идеја за здрав појадок? – Направи намаз со авокадо и павлака, и послужи го со топли парчиња печен интегрален леб. Плус, овој рецепт може да го искористиш како вкусно мезе. Сосот сервирај го во мала чинија и послужи го со тортиља чипс. Интересно, зарем не?
Подготовка
Парчињата леб испечете ги на тостер или во тава.
Од авокадото отстранете ја семката. Потоа излупете го.
Во длабок сад ставете ги парчињата авокадо. Испасирајте го со виљушка.
Изрендајте ¼ кора од лимонот и додајте ја во садот со авокадото. Додајте и 1 лажица свежо цеден сок од лимон.
Нането ситно исечкајте го. Додајте го во садот со авокадото. Измешајте и додајте ја Битолската павлака. Зачинете со сол и мелен црн пипер. Сосот добро измешајте го.
Врз печените парчиња леб ставете од сосот со павлаката. Наросете свежо мелен црн пипер и декорирајте со листови магдонос. На здравје!
Совет плус:
Дали знаеш дека сокот од лимон помага за да се задржи зелената боја на авокадото во намазот?
1 коментар нa “Намаз – сос со павлака и авокадо”
Супер