Тиро салата со фурнаринки

Состојки

  • 200 г Greekos сирење

  • 200 мл Битолска павлака

  • 4-5 феферони

  • 1 лажица маслиново масло

  • ½ мала лажичка оригано

  • сол по вкус

  • свеж лук или лук во прав по желба.

  • За лепче (фурнаринки):

  • 1 тесто за пица

  • 1 белка

  • сусам и оригано.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Дали сте пробале тиро салата? Интересна комбинација од фета сирење, павлака и феферони која веруваме дека ќе го освои сечиј вкус. Послужена со фурнаринки е вистински избор за мезе со омилениот филм или фудбалски натпревар.

Подготовка

  1. Во длабок сад ставете го сирењето и издробете го со виљушка. Во садот додајте ја Битолската павлака и измешајте.

  2. Фефероните исечкајте ги и додајте ги во салатата. Зачинете со маслиново масло, оригано, сол и лук по желба.

  3. Тестото за пица исечете го на осмини и премачкајте го со изматена белка. Наросете сусам и оригано. Ставете го во тава и печете го во загреана рерна на 250 степени за време 5-7 минути, додека порумени.

  4. Салатата сервирајте ја во сад, ставете малку масло, феферони и оригано. Послужете ја со топлите фурнаринки.

Совет плус: Тиро салатата може да ја послужите и со крекери или брускети.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.