Фудбал

Сладок сендвич со павлака и овошје

Сладок појадок или вкусна ужина! Битолската павлака се комбинира и во слатки и солени јадења. Кога немаш идеја што да поткасниш, направи си сладок сендвич. Избери го омилениот леб, додај Битолска павлака и овошје по избор. Едноставно, а вкусно! Совет плус: Црвеното овошје може да го замените со сезонско овошје – јаболко, круша, банана, киви, […]

Сладок сендвич со павлака и овошје Read More »

Бомбици со јогурт за енергичен старт на денот

На задоволство на сите сладокусци, од неодамна Бимилк создаде нов оригинален вкус и го претстави новиот Битолски густ јогурт. Сега сите гурмани ќе можат да уживаат во идеалната густина и исклучителна крем-структура која создава незаборавен вкус.
Но покрај интензивниот и незаборавен вкус, Битолскиот густ јогурт е и значително корисен за здравјето. Спојувајќи го убавото и корисното, Бимилк создаде вкусен јогурт кој истовремено и пријатно делува на организмот.
Имено, густиот јогурт содржи корисни бактерии кои се задолжени за ферментацијата и го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми. Битолскиот густ јогурт е исто така полн со витамини и минерали и е одличен извор на протеини, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, јод, цинк и витамин Б5 и Б12.
Поради ваквиот состав и сите овие корисни состојки, Битолскиот густ јогурт има благопријатно дејство на организмот со тоа што помага во намалувањето на крвниот притисок, ја регулира работата на цревната флора и го смирува желудникот. Дополнително густиот јогурт поради калциумот кој го содржи ја чува и одржува функцијата на коските.
Поради сиве овие придобивки, вкусниот густ јогурт е исклучително корисен за консумирање на дневно ниво, а поради својата кремаста структура, може да се користи и за подготовка на омилените сосови, салати, десерти, како и во комбинација со разни други видови храна со кои се надополнува.
Бомбици со јогурт за енергичен старт на денот
И традиционалните бомбици можат да добијат уникатен вкус и пријатно да делуваат на здравјето, доколку ги подготвите со Битолски густ јогурт.

И традиционалните бомбици можат да добијат уникатен вкус и пријатно да делуваат на здравјето, доколку ги подготвите со Битолски густ јогурт.

Бомбици со јогурт за енергичен старт на денот Read More »

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.