Зимски сладолед за целото семејство
На задоволство на сите сладокусци, од неодамна Бимилк создаде нов оригинален вкус и го претстави новиот Битолски густ јогурт. Сега сите гурмани ќе можат да уживаат во идеалната густина и исклучителна крем-структура која создава незаборавен вкус.
Но покрај интензивниот и незаборавен вкус, Битолскиот густ јогурт е и значително корисен за здравјето. Спојувајќи го убавото и корисното, Бимилк создаде вкусен јогурт кој истовремено и пријатно делува на организмот.
Имено, густиот јогурт содржи корисни бактерии кои се задолжени за ферментацијата и го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми. Битолскиот густ јогурт е исто така полн со витамини и минерали и е одличен извор на протеини, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, јод, цинк и витамин Б5 и Б12.
Поради ваквиот состав и сите овие корисни состојки, Битолскиот густ јогурт има благопријатно дејство на организмот со тоа што помага во намалувањето на крвниот притисок, ја регулира работата на цревната флора и го смирува желудникот. Дополнително густиот јогурт поради калциумот кој го содржи ја чува и одржува функцијата на коските.
Поради сиве овие придобивки, вкусниот густ јогурт е исклучително корисен за консумирање на дневно ниво, а поради својата кремаста структура, може да се користи и за подготовка на омилените сосови, салати, десерти, како и во комбинација со разни други видови храна со кои се надополнува.
Битолскиот густ јогурт со својата кремаста структура го прави овој сладолед лесен и освежителен, а сепак многу хранлив и здрав.
Зимски сладолед за целото семејство Read More »


