Главно јадење

Печен јагнешки бут со компири

Празничната велигденска атмосфера некако секогаш се асоцира со трпеза на која се собира целото семејство и која е исполнета со традиционални домашни специјалитети.
Специјалитетите со јагнешко месо се едни од првите на кои ќе помислите кога ќе се спомне Велигден, а во продолжение следува наш предлог на оваа тема.

Печен јагнешки бут со компири Read More »

Запечени шампињони со павлака и кашкавал

Ти треба идеја за ручек или вечера? Нема да можеш да одолееш на нашиот вкусен рецепт за запечените шампињони со павлака и кашкавал! Супер инспирација ни е кремастата Битолската павлака, која е омилена со секој оброк! Препорака: Наведените состојки се доволни за две порции, а по желба, количината може да се зголеми.

Запечени шампињони со павлака и кашкавал Read More »

Мексиканска енчилада со пилешко месо

Популарната енчилада приготвена во кујната на Сѐ за храна! Време е за ново гастрономско уживање и дегустација на мексиканската кујна. Гурмански специјалитет со богат вкус, кој потекнува од 19-от век.
Подготовката на енчиладата е едноставна, а за нецел час ќе имате супер вкусен ручек за целото семејство. Набавате пилешки стек, Битолска павалка и тортиљи, па препуштете се на новото гастрономско доживување за кое гарантираме дека ќе му се допадне на целото семејство.

Препорака од авторот:
„Пикантно, со богата арома на доматен сос, меки тортиљи, кремасто пилешко и финиш на растопен кашкавал. Оваа мексиканска енчилада едноставно мора да се проба. Обожавам да испробувам различни јадења од интернационалната кујна, а овој пат се одлучив да ви го доловам вкусот на Мексико и во вашиот дом. Сигурна сум дека тоа ќе биде еден од вашите омилени рецепти.“ – вели Марија oд sezahrana.mk.

Мексиканска енчилада со пилешко месо Read More »

Мусака со компири и мелено месо

Секој си има свој рецепт за мусака која е едно од омилените јадења во Македонија. Најчесто се прави со компири и мелено месо, а може да се најдат и варијанти со модар патлиџан или тиквички. Но, онаа традиционалната, таа ни е најубава и највкусна, омилена! Совет плус: Мусаката може да ја направиш и со два

Мусака со компири и мелено месо Read More »

Мини сендвичи со бавно печено свинско месо

Сите некогаш сакаме да „избегаме“ во кујната и да готвиме цел ден. А овој рецепт е баш таков! Потребно е повеќе време за подготовка, но крајниот резултат ќе ве воодушеви. За време на викендите искористете го слободното време и пригответе мини сендвичи со бавно печено свинско месо. Пригответе и салата, печени компири, сос од Битолска

Мини сендвичи со бавно печено свинско месо Read More »

Полнети тортиљи со пилешко месо

Превкусно! Сочно пилешко месо, зеленчуци во сос и меки тортиљи. Секој би посакал да касне парче од ваков вкусен оброк. Следи ги чекорите од подготовката и изненади ги најблиските со нов специјалитет кој гарантирано ќе го освои сечиј вкус! Совети плус: Тортиљите може да ги потпечете и во рерна. Прицврстете ги со чепкалки и наредете

Полнети тортиљи со пилешко месо Read More »

Риба во сос од пармезан и павлака

За сите љубители на риба, овој рецепт е прав погодок! Направете сочни филети од ослиќ, збогатени со кремаста Битолска павлака, пармезан и зачини за незаборавно гастрономско доживување. Крцкавата кора од лебни трошки и путер му даваат посебна нота на овој едноставен, но вкусен специјалитет. Идеален за специјални прилики, романтична вечера и други свечености. Вреди да

Риба во сос од пармезан и павлака Read More »

Пилешко филе со зачинет путер

Вечната дилема на секое семејство во недела е што да се подготви за вкусен неделен ручек кога секој член од фамилијата е дома. Често се случува размислувањето, дискусијата, планирањето на оброкот, па и готвењето, да бидат понапорни отколку што е потребно. Поради тоа, доколку не знаете што да зготвите за следното неделно попладне, ние сме тука да ви помогнеме.

Изборот е разновиден и здрав за целото семејство. Започнуваме со путер чорба со карфиол како предјадење, каде што вкусот на новиот Битолски путер на Бимилк ќе ве воодушеви и нема да ве остави рамнодушни со секоја нова лажица. Чорбата ќе ни ја врати енергијата потрошена во текот на денот, а Битолскиот путер што е создаден од најквалитетни здрави суровини само ќе ни даде повод за уживање при секоја голтка.

Пилешко филе со зачинет путер Read More »

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.