Лесен оброк

Сладок сендвич со павлака и овошје

Сладок појадок или вкусна ужина! Битолската павлака се комбинира и во слатки и солени јадења. Кога немаш идеја што да поткасниш, направи си сладок сендвич. Избери го омилениот леб, додај Битолска павлака и овошје по избор. Едноставно, а вкусно! Совет плус: Црвеното овошје може да го замените со сезонско овошје – јаболко, круша, банана, киви, […]

Сладок сендвич со павлака и овошје Read More »

Тиквички со нане и павлака

Овој рецепт за печени тиквички со Битолска павлака и нане е вистински деликатес кој ќе го освежи вашето мени! Со едноставни состојки и брза подготовка, овој оброк е идеален за лесна вечера или како гарнир со омилено јадење. Совет плус: За да го збогатите вкусот, во сосот додајте 1 сечкано чешне лук или ¼ мала

Тиквички со нане и павлака Read More »

Боршч – супа со цвекло и зеленчуци

Дали имаш слушнато или пробано Боршч? Станува збор за супа од цвекло која е популарна во источна Европа и северна Азија. Некаде се нарекува руска, а некаде и украинска супа. Главна состојка е цвеклото кое му ја дава карактеристичната црвена боја и уникатниот вкус. Совет плус: Во супата може да додадеш сечкани компири, пиперки и

Боршч – супа со цвекло и зеленчуци Read More »

Брускети со намаз од павлака

Крцкави брускети со кремаст намаз од Битолска павлака и спој од медитерански вкусови! Испробај ги брускетите во прва прилика. Идеални се како мезе, за појадок или вечера. Подготовката е едноставна, па ајде во кујната, време е за вкусен оброк! Совет плус: За подготовката на брускетите може да користиш и бајат леб.

Брускети со намаз од павлака Read More »

Малку поинаков таратур

Киселото млеко изобилува со калциум и полезни бактерии што му даваат совршена хармонија на организмот. Истовремено ги зајакнува коските, го зајакнува имунитетот и помага во правилна функција на организмот, па затоа се препорачува во секојдневната исхрана.
Меѓутоа, не се само здравствените придобивки она што го прават Битолското кисело млеко незаменлив сојузник на семејната трпеза. Неговиот богат, полн вкус дозволува комбинации со секаква храна, омилена за децата, но и за возрасните.

Всушност, една од главните состојки на традиционалната македонска трпеза е токму чинија кисело млеко. Ви приложуваме 3 идеи за вкусни традиционални, но и не толку традиционални оброци со кисело млеко.

Малку поинаков таратур – кој не сака таратур во комбинација со кое било јадење? Меѓутоа, со Битолското кисело млеко можете да направите и малку поинаков рецепт.

Малку поинаков таратур Read More »

Бомбици со јогурт за енергичен старт на денот

На задоволство на сите сладокусци, од неодамна Бимилк создаде нов оригинален вкус и го претстави новиот Битолски густ јогурт. Сега сите гурмани ќе можат да уживаат во идеалната густина и исклучителна крем-структура која создава незаборавен вкус.
Но покрај интензивниот и незаборавен вкус, Битолскиот густ јогурт е и значително корисен за здравјето. Спојувајќи го убавото и корисното, Бимилк создаде вкусен јогурт кој истовремено и пријатно делува на организмот.
Имено, густиот јогурт содржи корисни бактерии кои се задолжени за ферментацијата и го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми. Битолскиот густ јогурт е исто така полн со витамини и минерали и е одличен извор на протеини, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, јод, цинк и витамин Б5 и Б12.
Поради ваквиот состав и сите овие корисни состојки, Битолскиот густ јогурт има благопријатно дејство на организмот со тоа што помага во намалувањето на крвниот притисок, ја регулира работата на цревната флора и го смирува желудникот. Дополнително густиот јогурт поради калциумот кој го содржи ја чува и одржува функцијата на коските.
Поради сиве овие придобивки, вкусниот густ јогурт е исклучително корисен за консумирање на дневно ниво, а поради својата кремаста структура, може да се користи и за подготовка на омилените сосови, салати, десерти, како и во комбинација со разни други видови храна со кои се надополнува.
Бомбици со јогурт за енергичен старт на денот
И традиционалните бомбици можат да добијат уникатен вкус и пријатно да делуваат на здравјето, доколку ги подготвите со Битолски густ јогурт.

И традиционалните бомбици можат да добијат уникатен вкус и пријатно да делуваат на здравјето, доколку ги подготвите со Битолски густ јогурт.

Бомбици со јогурт за енергичен старт на денот Read More »

Освежувачка јогурт салата

Покрај тоа што Битолскиот густ јогурт е суперхерој во секојдневната исхрана поради своите хранливи карактеристики и богатството на минерали и витамини, тој е одличен додаток на различни видови храна. Интересните рецепти и различните комбинации со големиот број на јадења, го прават густиот јогурт да биде незаменлив дел од кујната.

Во продолжение ви претставуваме 5 рецепти за здрави и вкусни оброци кои можат да се приготват со Битолски Густ јогурт.

Битолскиот густ јогурт е совршен за салати поради неговата кремаста структура која беспрекорно добро ги соединува сите состојки.

Освежувачка јогурт салата Read More »

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.