Лесен оброк

Шарени бомбици од сирење

Декоративни и превкусни! Сите обожаваат бомбици од сирење, а ние имаме супер рецепт. Идеални се за мезе, за именденските трпези или во моментите кога сакате ги изненадите најблиските со нов рецепт. Подготовката ќе ви одземе 15-тина минути, па ајде во кујната! Совет плус: Бомбиците чувајте ги во фрижидер додека ги послужите. 

Шарени бомбици од сирење Read More »

Празничен куглоф со портокал

Кој може да одолее на чаша топло кафе и домашен колач со арома на портокал и чоколадо? Прифати го кулинарскиот предизвик и приготви го овој колач. Сочен и вкусен, сладок украс на сечија трпеза. Може да го декорираш по желба со шеќер во прав, овошје, гранчиња рузмарин и да ја збогатиш трпезата за слава, именден

Празничен куглоф со портокал Read More »

Потаж од тиква

Време е за нова кулинарска авантура! Во овие ладни денови, затоплете се со потаж од тиква. Кремаст и вкусен оброк за целото семејство. Совет плус: Потажот послужете го со парчиња печен леб. По желба, пред печењето лепчињата премачкајте ги со Моја Кравица путер.

Потаж од тиква Read More »

Полнети варени јајца со кремаст фил

Сакаш да испробаш нов рецепт? Нешто поразлично, интересно и вкусно? – Направи полнети варени јајца со кремаст фил. Идеални за мезе со пријателите, како и за празничните трпези. Само за 20-тина минути направи нов специјалитет! Совет плус: Лососот може да го замениш со шункова салама или друго чадено месо по желба.

Полнети варени јајца со кремаст фил Read More »

Крем салата со компири и павлака

Крем салатите се омилени на секоја трпеза! А тајната за највкусната крем салата се крие во Битолската павлака. Искомбинирана со компири, кашкавал, салама и јајца, ја направивме највкусната крем салата која треба да ја направиш за празниците. Совет плус: За да заштедите време при подготовката, изберете помали компири за варење. Тие побрзо ќе се сварат.

Крем салата со компири и павлака Read More »

Брзи пица макарони

Кое е вашето омилено јадење? Пица или макарони? Ако одговоривте со „Да“ вие сте на вистинското место. Ви претставуваме ново гастрономско уживање со нашиот испробан рецепт за брзите пица макарони.
Совршена комбинација на пица и макарони, преточена во вкусно јадење. Доволни ви се 20-тина минути за подготовка на овој специјалитет кој го приготви Марија Кочовска од нашиот тим.

Брзи пица макарони Read More »

Пиде со кашкавал, домати и шампињони

Дали сте пробале пиде? Пиде е традиционално турско јадење, кое често се опишува како „турска пица”. Тоа е подолг и поширок леб, кој обично се полни со различни состојки, како мелено месо, сирење и кашкавал, зеленчук и разни зачини. Овој пат ви предлагаме вегетаријанска верзија на пиде со фил од Битолска павлака, кашкавал, домати, пиперка

Пиде со кашкавал, домати и шампињони Read More »

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.