Филмска вечера

Пита со јаболка и Битолска павлака

Есента е златна кралица, па да искористиме се што ни нуди природата и сезоната. Пита од јаболка е задолжителна за овој период од годината и затоа овој рецепт треба да биде направен во секој дом. Гответе со љубов! ♥

Пита со јаболка и Битолска павлака Read More »

Брза пита со Битолска павлака

Во денешно време, кога сите сме во брзање и во обид да се јаде вкусна и домашна храна, брзите рецепти се секогаш добредојдени. Добра пита, не значи дека треба да знаете да сукате или тегнете кори. Потребно е да го имате овој рецепт и да се уверите во нејзиниот вкус. Гответе со љубов! ♥

Брза пита со Битолска павлака Read More »

Американски палачинки

Сите обожаваат палачинки! Тие се одлични за појадок или за десерт во било кој период од денот. Може да се сервираат на различни начини со чоколаден крем, путер, овошје, мед, мармалад… Совет плус: Користете мала мерица (¼ чаша) или голема црпалка за најдобро да ги формирате палачинките.

Американски палачинки Read More »

Помфрит од моркови со сос од павлака

Сакаш поздраво да се храниш? – Да внесуваш повеќе зеленчук, а истовремено храната да биде вкусна? – Имаме супер рецепт за тебе. Направи помфрит од моркови и послужи ги со освежителен сос од павлака. Совет плус: Најдобро е да користите беби моркови – свежи или замрзнати.

Помфрит од моркови со сос од павлака Read More »

Крем салата со компири и павлака

Крем салатите се омилени на секоја трпеза! А тајната за највкусната крем салата се крие во Битолската павлака. Искомбинирана со компири, кашкавал, салама и јајца, ја направивме највкусната крем салата која треба да ја направиш за празниците. Совет плус: За да заштедите време при подготовката, изберете помали компири за варење. Тие побрзо ќе се сварат.

Крем салата со компири и павлака Read More »

Потпечени полнети палачинки

Гурмански специјалитет за сите кои обожаваат нови вкусови и се во потрага по супер вкусни рецепти! За време на викендите направете потпечени полнети палачинки со кремаст фил. Совет плус: За да заштедиш на време може да користиш и готови палачинки. По желба, може да ги направиш и со еден фил. Во тој случај, количината на

Потпечени полнети палачинки Read More »

Чајни путер колачиња

празнично декорирање на домот. Но, и за правење на највкусните велигденски колачиња кои оваа година ќе ги красат нашите празнични трпези. Крцкави и меки, едноставно се топат во устата. Топло ви препорачуваме да ги направите и да се засладите со вашите најблиски.

Во декорацијата на овие колачиња вклучете ги и дечињата. Забавувајте се заедно во овие денови кога имаме можност да бидеме дома и да подготовуваме различни рецепти. Вклучете ја вашата креативност и оваа година направете ги најшарените и највкусните колачиња!

Благодарност до sezahrana.mk.

Чајни путер колачиња Read More »

Мафини со боровинки

Овие мафини со боровинки се меки, сочни и воздушести, па ќе ве освојат уште на прв залак. Декоративни се, ќе внесат празнична магија во домот и ќе ги направат велигденските празници уште порадосни и побогати.

Се прават лесно и едноставно и се одличен избор за брз и вкусен појадок. Затоа, подеднакво им се радуваат и децата и возрасните. Па, кој е за вкусни мафини со боровинки?

Од оваа количина на состојки излегуваат околу 14 мафини. По ваша желба може да ја зголемите или да ја намалите количината во зависност од вашиот калап за печење мафини. Може да ги декорирате со велигденски мотиви и тие ќе бидат вистински украс на празничната трпеза.

Благодарност до sezahrana.mk.

Мафини со боровинки Read More »

Мексиканска енчилада со пилешко месо

Популарната енчилада приготвена во кујната на Сѐ за храна! Време е за ново гастрономско уживање и дегустација на мексиканската кујна. Гурмански специјалитет со богат вкус, кој потекнува од 19-от век.
Подготовката на енчиладата е едноставна, а за нецел час ќе имате супер вкусен ручек за целото семејство. Набавате пилешки стек, Битолска павалка и тортиљи, па препуштете се на новото гастрономско доживување за кое гарантираме дека ќе му се допадне на целото семејство.

Препорака од авторот:
„Пикантно, со богата арома на доматен сос, меки тортиљи, кремасто пилешко и финиш на растопен кашкавал. Оваа мексиканска енчилада едноставно мора да се проба. Обожавам да испробувам различни јадења од интернационалната кујна, а овој пат се одлучив да ви го доловам вкусот на Мексико и во вашиот дом. Сигурна сум дека тоа ќе биде еден од вашите омилени рецепти.“ – вели Марија oд sezahrana.mk.

Мексиканска енчилада со пилешко месо Read More »

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.