За возрасни

Едноставен рецепт за популарната чизкејк торта

Светски популарниот чизкејк, станува омилен и кај нас. Ние го обожаваме и често го подготвуваме, бидејќи се прави брзо и лесно. Иако подготовката на чизкејк бара одредена умешност, сепак ќе се снајдат и оние со помало искуство во кујната, со помош на нашиот едноставен и испробан рецепт за чизкејк торта. Следете ги нашите совети и во овие топли пролетни денови засладете се со вкусна чизкејк торта.

Чизкејк тортата претставува идеален десерт за било која пригода, а особено за некои специјални прилики кога сакате да ги изненадите своите драги со неодолив вкус кој освојува. Овој десерт покрај што има нежен и совршен вкус, исто така е и многу декоративен. Претставува и совршен поклон за вашите сакани личности. Доколку на некој ваш близок пријател му се ближи роденден, ова е одличен поклон со кој сигурно пријатно ќе го изненадите. Без печење и комплицирани состојки до супер вкусен десерт.

Доколку сакате да го почувствувате вистинскиот млечен вкус на чизкејк тортата и за подобра текстура на филот, ви препорачуваме да користите Битолска павлака од Бимилк. Неутралниот вкус и кремастата текстура совршено одговараат за подготовка на кремасти десерти.
Чизкејк тортата може да ја направите со чоколадни бисквити. Така ќе добиете супер вкус на чоколадо, кремаста ванила и ароматично овошје.

Едноставен рецепт за популарната чизкејк торта Read More »

Печени чоколадни крофни

Кој е за вкусни печени чоколадни крофни? – Децата ги обожаваат, но и возрасните подеднакво им се радуваат. Совршени за детски родендени и забави. Се јадат во еден здив, па ќе ги снема за час.
Печени, а не пржени, па претставуваат поздрава алтернатива за класичните крофни. Може да ги направите во калап или во апарат за печење крофни. Ова е супер лесен и брз рецепт за печени крофни, кој ќе го обожава целото семејство. Сигурни сме дека ќе ги правите повторно и повторно, а на детската радост ќе и нема крај.

Печени чоколадни крофни Read More »

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.