Ужина

Пиде со кашкавал, домати и шампињони

Дали сте пробале пиде? Пиде е традиционално турско јадење, кое често се опишува како „турска пица”. Тоа е подолг и поширок леб, кој обично се полни со различни состојки, како мелено месо, сирење и кашкавал, зеленчук и разни зачини. Овој пат ви предлагаме вегетаријанска верзија на пиде со фил од Битолска павлака, кашкавал, домати, пиперка […]

Пиде со кашкавал, домати и шампињони Read More »

Сладок сендвич со павлака и овошје

Сладок појадок или вкусна ужина! Битолската павлака се комбинира и во слатки и солени јадења. Кога немаш идеја што да поткасниш, направи си сладок сендвич. Избери го омилениот леб, додај Битолска павлака и овошје по избор. Едноставно, а вкусно! Совет плус: Црвеното овошје може да го замените со сезонско овошје – јаболко, круша, банана, киви,

Сладок сендвич со павлака и овошје Read More »

Намаз – сос со павлака и авокадо

Ти треба идеја за здрав појадок? – Направи намаз со авокадо и павлака, и послужи го со топли парчиња печен интегрален леб. Плус, овој рецепт може да го искористиш како вкусно мезе. Сосот сервирај го во мала чинија и послужи го со тортиља чипс. Интересно, зарем не? Совет плус: Дали знаеш дека сокот од лимон

Намаз – сос со павлака и авокадо Read More »

Солени бомбици со сирење и кашкавал

Ти се најавило друштвото на гости? – Изненади ги со мезе даска од солени бомбици. Бомбиците извалај ги во омилените состојки и препушти се на забавата. Потребни ти се само 15-тина минути за подготовка. Супер, зар не? Идеја плус: Бомбиците може да ги извалате во сечкан магдонос, афион, семки од сончоглед, тиква, бадеми, дробен чипс,

Солени бомбици со сирење и кашкавал Read More »

Брускети со намаз од павлака

Крцкави брускети со кремаст намаз од Битолска павлака и спој од медитерански вкусови! Испробај ги брускетите во прва прилика. Идеални се како мезе, за појадок или вечера. Подготовката е едноставна, па ајде во кујната, време е за вкусен оброк! Совет плус: За подготовката на брускетите може да користиш и бајат леб.

Брускети со намаз од павлака Read More »

Полнети тиквички

Добро познатиот, традиционален вкус на кравјото Битолско кисело млеко отсега е достапен и во големо, семејно пакување од 700 гр во кантичка.

Битолското кисело млеко досега беше достапно во пакување од 180 и 400 гр, а новата кантичка Бимилк ја лансира на барање на потрошувачите, со цел да ги задоволи потребите на целото семејство.

Киселото млеко изобилува со калциум и полезни бактерии што му даваат совршена хармонија на организмот. Истовремено ги зајакнува коските, го зајакнува имунитетот и помага во правилна функција на организмот, па затоа се препорачува во секојдневната исхрана.

Меѓутоа, не се само здравствените придобивки она што го прават Битолското кисело млеко незаменлив сојузник на семејната трпеза. Неговиот богат, полн вкус дозволува комбинации со секаква храна, омилена за децата, но и за возрасните.

Всушност, една од главните состојки на традиционалната македонска трпеза е токму чинија кисело млеко. Ви приложуваме 3 идеи за вкусни традиционални, но и не толку традиционални оброци со кисело млеко.

Полнети тиквички Read More »

Пита со кисело млеко

Покрај тоа што е одличен придружник буквално на сите печива и пити, киселото млеко може да биде и клучна состојка во подготовка на вкусна и лесна домашна пита.

Пита со кисело млеко Read More »

Малку поинаков таратур

Киселото млеко изобилува со калциум и полезни бактерии што му даваат совршена хармонија на организмот. Истовремено ги зајакнува коските, го зајакнува имунитетот и помага во правилна функција на организмот, па затоа се препорачува во секојдневната исхрана.
Меѓутоа, не се само здравствените придобивки она што го прават Битолското кисело млеко незаменлив сојузник на семејната трпеза. Неговиот богат, полн вкус дозволува комбинации со секаква храна, омилена за децата, но и за возрасните.

Всушност, една од главните состојки на традиционалната македонска трпеза е токму чинија кисело млеко. Ви приложуваме 3 идеи за вкусни традиционални, но и не толку традиционални оброци со кисело млеко.

Малку поинаков таратур – кој не сака таратур во комбинација со кое било јадење? Меѓутоа, со Битолското кисело млеко можете да направите и малку поинаков рецепт.

Малку поинаков таратур Read More »

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.