Дружење

Шарени бомбици од сирење

Декоративни и превкусни! Сите обожаваат бомбици од сирење, а ние имаме супер рецепт. Идеални се за мезе, за именденските трпези или во моментите кога сакате ги изненадите најблиските со нов рецепт. Подготовката ќе ви одземе 15-тина минути, па ајде во кујната! Совет плус: Бомбиците чувајте ги во фрижидер додека ги послужите. 

Шарени бомбици од сирење Read More »

Празничен куглоф со портокал

Кој може да одолее на чаша топло кафе и домашен колач со арома на портокал и чоколадо? Прифати го кулинарскиот предизвик и приготви го овој колач. Сочен и вкусен, сладок украс на сечија трпеза. Може да го декорираш по желба со шеќер во прав, овошје, гранчиња рузмарин и да ја збогатиш трпезата за слава, именден

Празничен куглоф со портокал Read More »

Помфрит од моркови со сос од павлака

Сакаш поздраво да се храниш? – Да внесуваш повеќе зеленчук, а истовремено храната да биде вкусна? – Имаме супер рецепт за тебе. Направи помфрит од моркови и послужи ги со освежителен сос од павлака. Совет плус: Најдобро е да користите беби моркови – свежи или замрзнати.

Помфрит од моркови со сос од павлака Read More »

Мексиканска енчилада со пилешко месо

Популарната енчилада приготвена во кујната на Сѐ за храна! Време е за ново гастрономско уживање и дегустација на мексиканската кујна. Гурмански специјалитет со богат вкус, кој потекнува од 19-от век.
Подготовката на енчиладата е едноставна, а за нецел час ќе имате супер вкусен ручек за целото семејство. Набавате пилешки стек, Битолска павалка и тортиљи, па препуштете се на новото гастрономско доживување за кое гарантираме дека ќе му се допадне на целото семејство.

Препорака од авторот:
„Пикантно, со богата арома на доматен сос, меки тортиљи, кремасто пилешко и финиш на растопен кашкавал. Оваа мексиканска енчилада едноставно мора да се проба. Обожавам да испробувам различни јадења од интернационалната кујна, а овој пат се одлучив да ви го доловам вкусот на Мексико и во вашиот дом. Сигурна сум дека тоа ќе биде еден од вашите омилени рецепти.“ – вели Марија oд sezahrana.mk.

Мексиканска енчилада со пилешко месо Read More »

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.