Работен ден

Запечени тиквички со домати

Доколку немате многу време за готвење, а сакате да му понудите на семејството нешто здраво и сезонско, веднаш запишете го рецептот за запечените тиквички со домати! Вкусот на ова јадење е свеж и лесен, па може да го комбинирате и со месо. А може да го послужите и како вегетаријански ручек. Совет плус: Наместо изварка, […]

Запечени тиквички со домати Read More »

Макарони со кремаст сос од четири видови на сирења

Повкусни од што изгледаат! Макарони со неодолив вкус, за совршен појадок или лесна вечера. Зошто да бидат обични, кога може да ги сервираме со кремаст сос од четири сирења? Совет плус: Ако немате млад лук, заменете го со 2 – 3 чешниња лук.

Макарони со кремаст сос од четири видови на сирења Read More »

Тиро салата со фурнаринки

Дали сте пробале тиро салата? Интересна комбинација од фета сирење, павлака и феферони која веруваме дека ќе го освои сечиј вкус. Послужена со фурнаринки е вистински избор за мезе со омилениот филм или фудбалски натпревар. Совет плус: Тиро салатата може да ја послужите и со крекери или брускети.

Тиро салата со фурнаринки Read More »

Кремаста салата со компири и кисела павлака

Салатите со варени компири се едни од омилените, па ако се со кремаст сос, нема кој да одолее! Споделуваме рецепт за кремаста салата со компири, мајонез и Битолска павлака, за која веруваме дека ќе ви се допадне. Совет плус: По желба во салатата може да додадете печурки, а за пикантен вкус – рен.

Кремаста салата со компири и кисела павлака Read More »

Клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце

Сите се слични, но и малку различни! Ваквите сендвичи будат посебно убави емоции и потсетуваат на лабаво дружење во некој „ланч бар“ со најблиските пријатели или саканите. Едноставно е да направите, па ви предлагаме да го пробате вака приготвениот клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце! Совет плус: Наместо печеница, може да користите

Клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце Read More »

Свежа салата со прелив од мајонез и павлака

Полна вкусна чинија на трпезата! Омилените зеленчуци искомбинирани со кремаст сос од Битолска павлака. Пробајте го нашиот нов рецепт за свежа салата со прелив од мајонез и павлака. Совет плус: По желба, во сосот може да додадете сув копар, нане или босилек.

Свежа салата со прелив од мајонез и павлака Read More »

Запечен карфиол со јајца, павлака и кашкавал

Размислуваш како почесто да вклучиш карфиол во исхраната и да им се допадне на сите? Имаме супер вкусен рецепт. Набавите едно големо парче карфиол и со овој здрав зеленчук направете превкусен ручек за целото семејство. Совет плус: Карфиолот приготвен на овој начин ќе им се допадне на сите, дури и на оние на кои не

Запечен карфиол со јајца, павлака и кашкавал Read More »

Шарени бомбици од сирење

Декоративни и превкусни! Сите обожаваат бомбици од сирење, а ние имаме супер рецепт. Идеални се за мезе, за именденските трпези или во моментите кога сакате ги изненадите најблиските со нов рецепт. Подготовката ќе ви одземе 15-тина минути, па ајде во кујната! Совет плус: Бомбиците чувајте ги во фрижидер додека ги послужите.

Шарени бомбици од сирење Read More »

Потаж од тиква

Време е за нова кулинарска авантура! Во овие ладни денови, затоплете се со потаж од тиква. Кремаст и вкусен оброк за целото семејство. Совет плус: Потажот послужете го со парчиња печен леб. По желба, пред печењето лепчињата премачкајте ги со Моја Кравица путер.

Потаж од тиква Read More »

Полнети варени јајца со кремаст фил

Сакаш да испробаш нов рецепт? Нешто поразлично, интересно и вкусно? – Направи полнети варени јајца со кремаст фил. Идеални за мезе со пријателите, како и за празничните трпези. Само за 20-тина минути направи нов специјалитет! Совет плус: Лососот може да го замениш со шункова салама или друго чадено месо по желба.

Полнети варени јајца со кремаст фил Read More »

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.