Викенд

Кремаста панакота со јагоди

Популарна ширум светот и обожавана во нашата земја! За време на велигденските празници направете ја највкусната панакота со јагоди. Кремаста, сочна, со богата арома на ванила и јагода која ќе го освои сечиј вкус.
Ако досега сте се запрашувале кој е идеалниот рецепт за супер вкусна панакота, сега веќе го имате одговорот. Пробајте ја нашата панакота со јагоди, во која додадовме Битолска павлака за уште подобар и покремаст вкус. Состојките кои ви се потребни се едноставни и најверојатно ги имате во кујната. А подготовката ќе ви одземе само 20-тина минути.

Благодарност до sezahrana.mk.

Кремаста панакота со јагоди Read More »

Запечени шампињони со павлака и кашкавал

Ти треба идеја за ручек или вечера? Нема да можеш да одолееш на нашиот вкусен рецепт за запечените шампињони со павлака и кашкавал! Супер инспирација ни е кремастата Битолската павлака, која е омилена со секој оброк! Препорака: Наведените состојки се доволни за две порции, а по желба, количината може да се зголеми.

Запечени шампињони со павлака и кашкавал Read More »

Риба во сос од пармезан и павлака

За сите љубители на риба, овој рецепт е прав погодок! Направете сочни филети од ослиќ, збогатени со кремаста Битолска павлака, пармезан и зачини за незаборавно гастрономско доживување. Крцкавата кора од лебни трошки и путер му даваат посебна нота на овој едноставен, но вкусен специјалитет. Идеален за специјални прилики, романтична вечера и други свечености. Вреди да

Риба во сос од пармезан и павлака Read More »

Полнети тортиљи со пилешко месо

Превкусно! Сочно пилешко месо, зеленчуци во сос и меки тортиљи. Секој би посакал да касне парче од ваков вкусен оброк. Следи ги чекорите од подготовката и изненади ги најблиските со нов специјалитет кој гарантирано ќе го освои сечиј вкус! Совети плус: Тортиљите може да ги потпечете и во рерна. Прицврстете ги со чепкалки и наредете

Полнети тортиљи со пилешко месо Read More »

Пиде со кашкавал, домати и шампињони

Дали сте пробале пиде? Пиде е традиционално турско јадење, кое често се опишува како „турска пица”. Тоа е подолг и поширок леб, кој обично се полни со различни состојки, како мелено месо, сирење и кашкавал, зеленчук и разни зачини. Овој пат ви предлагаме вегетаријанска верзија на пиде со фил од Битолска павлака, кашкавал, домати, пиперка

Пиде со кашкавал, домати и шампињони Read More »

Мини сендвичи со бавно печено свинско месо

Сите некогаш сакаме да „избегаме“ во кујната и да готвиме цел ден. А овој рецепт е баш таков! Потребно е повеќе време за подготовка, но крајниот резултат ќе ве воодушеви. За време на викендите искористете го слободното време и пригответе мини сендвичи со бавно печено свинско месо. Пригответе и салата, печени компири, сос од Битолска

Мини сендвичи со бавно печено свинско месо Read More »

Мусака со компири и мелено месо

Секој си има свој рецепт за мусака која е едно од омилените јадења во Македонија. Најчесто се прави со компири и мелено месо, а може да се најдат и варијанти со модар патлиџан или тиквички. Но, онаа традиционалната, таа ни е најубава и највкусна, омилена! Совет плус: Мусаката може да ја направиш и со два

Мусака со компири и мелено месо Read More »

Kолач – леб од банани

Ти останале банани кои се многу зрели, а немаш идеја како да ги искористиш? – Имаме супер предлог – колач со банани и бадеми. Сочна комбинација која совршено се вклопува за појадок или десерт со чаша топло кафе или чај. Совет плус: Бадемите може да ги замените со други јаткасти плодови – ореви, лешници, кикирики…

Kолач – леб од банани Read More »

Лесен чизкејк

Доколку на некој ваш близок пријател му се ближи роденден, ова е одличен поклон со кој сигурно пријатно ќе го изненадите. Без печење и комплицирани состојки до супер вкусен десерт! Совет плус: Чизкејкот може да го направите со овошје по желба – јагоди, малини, боровинки или чоколаден ганаж.

Лесен чизкејк Read More »

Сочен колач со кремаст фил од Битолска павлака

Овој сочен колач со кремаст фил од Битолска павлака е идеален десерт за сите љубители на слатки задоволства. Несекојдневната комбинација на моркови, рогач и богат кремаст фил, ќе ја поттикне љубопитноста кај секој обожавател на нови вкусови. Совет плус: Наместо урда, може да користите несолено крем сирење, како маскарпоне.

Сочен колач со кремаст фил од Битолска павлака Read More »

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.