Прилог

Полнети варени јајца со кремаст фил

Сакаш да испробаш нов рецепт? Нешто поразлично, интересно и вкусно? – Направи полнети варени јајца со кремаст фил. Идеални за мезе со пријателите, како и за празничните трпези. Само за 20-тина минути направи нов специјалитет! Совет плус: Лососот може да го замениш со шункова салама или друго чадено месо по желба.

Полнети варени јајца со кремаст фил Read More »

Помфрит од моркови со сос од павлака

Сакаш поздраво да се храниш? – Да внесуваш повеќе зеленчук, а истовремено храната да биде вкусна? – Имаме супер рецепт за тебе. Направи помфрит од моркови и послужи ги со освежителен сос од павлака. Совет плус: Најдобро е да користите беби моркови – свежи или замрзнати.

Помфрит од моркови со сос од павлака Read More »

Крем салата со компири и павлака

Крем салатите се омилени на секоја трпеза! А тајната за највкусната крем салата се крие во Битолската павлака. Искомбинирана со компири, кашкавал, салама и јајца, ја направивме највкусната крем салата која треба да ја направиш за празниците. Совет плус: За да заштедите време при подготовката, изберете помали компири за варење. Тие побрзо ќе се сварат.

Крем салата со компири и павлака Read More »

Банана леб со кикиритки и портокал

За сите љубители на популарниот банана леб имаме нов рецепт кој сигурно ќе ве израдува. Приготвен во кујната на Сѐ за храна, овој рецепт претставува совршен спој на слатка банана и крцкави кикиритки со изразена овошна нота на портокал. Мек, сочен и на места крцкав од кикиритките, ќе ве воодушеви со својот богат вкус. Супер вкусен десерт кој мора да го пробате во првата прилика штом имате зрели и потемнети банани, кои не знаете за што да ги искористите.

Совршен е за појадок со чаша чај или кафе, за десерт или брза ужинка. Се подготвува за 5-10 минути, а се јаде уште побрзо, затоа што гарантираме дека ќе им се допадне на сите, од најмали, па до најстари. Набавете си Битолска павлака со 20% мм, подгответе го и уверете се во неговиот совршен вкус.

Благодарност до sezahrana.mk.

Банана леб со кикиритки и портокал Read More »

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.